Пензионираниот Французин Клод Губо кој пред осум месеци тргна на пат околу светот со трактор, пристигна во Турција каде е воодушевен од гостопримливоста на овој народ.
Со својот караван што е споен со тракторот тој веќе има посетено неколку земји, а во Турција ги посетил градовите Истанбул и Измир.
За овој потфат, Французинот вели дека се нафатил бидејќи ги сака природата и луѓето, затоа патувањето со трактор е побавно, но тоа му овозможува подобро да ја запознае средината во која се наоѓа.
Следни негови дестинации се Русија и Кина.
Извор: kajgana.com