Почетна / Вести Свет / Истрага во 200 живинарски фарми поради јајца

Истрага во 200 живинарски фарми поради јајца

Фотографиите, кои беа објавени вчера во германските медиуми, прикажуваат кокошки кои се чуваат една до друга во метални кафези, а на повеќето од нив им недостигаат пердуви и се прекриени со рани. Доколку обвинувањата се покажат како точни, ова ќе претставува измама од висок ранг – изјави германскиот министер за потрошувачи, Илсе Аигнер.

Германските власти спроведоа истраги во 200 живинарски фарми, кои се обвинети дека продале милиони јајца и други производи етикетирани како органски, иако биле произведени на конвенционален начин.

Овој скандал беше на насловните страници на сите вчерашни весници во Германија и доаѓа неколку недели по откривањето на коњското месо во смрзнати јадења, кои се етикетирани како телешко во повеќе европски земји, јави ДПА.

Според германските регулативи, јајцата можат да бидат етикетирани како “био” или органски, доколку потекнуваат од кокошки кои се чуваат во специфични услови и не се хранат со антибиотици, хемиски и генетски модифицирани состојки.

Фотографиите, објавени од една група за заштита на животни, кои беа објавени вчера во германските медиуми, прикажуваат кокошки кои се чуваат една до друга во метални кафези, а на повеќето од нив им недостигаат пердуви и се прекриени со рани.

Неделникот “Шпигел”, кој го разоткри скандалот пишува дека се спроведени истраги во околу 150 фарми во Долна Саксонија и 50 во други германски сојузни држави, но и во Белгија и Холандија.
– Доколку обвинувањата се покажат како точни, ова ќе претставува измама од висок ранг – измама против потрошувачите и против многуте чесни германски органски фармери, изјави германскиот министер за потрошувачи Илсе Аигнер.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …