Почетна / Здрава храна / Младо Нагоричино замириса на македонски специјалитети

Младо Нагоричино замириса на македонски специјалитети

Вкусни специјалитети од струмичката, гостиварската, битолската, штипската и од повеќе други кујни се најдоа на натпреварувачката трпеза во кумановско Младо Нагоричино, каде што се одржа натпреварот за највкусно јадење.

Манифестацијата се одржа во комплексот „Етносело“, а ја организира Федерацијата на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена, а учествуваа жени-фармери од целата држава.

За највкусно јадење беше избран специјалитетот пиперки со сушена риба што го подготви Васка Kапетановска од ресенско Љубојно, која ја освои првата награда.

– Ова јадење е вкусно и се подготвува многу лесно. Потребни се пиперки, домати и риба сушена на сонце – вели Kапетановска.

Втората награда на натпреварувањето ~ припадна на Димка Сандева од Штип за специјалитетот посни полнети пиперки со зелка, а Билјана Стефановска од Пехчево беше трета за печени пиперки со лук.

На манифестацијата посветена на руралната жена, која се одржа по петти пат, искусни домаќинки приготвуваа и јуфки по рецептите на своите баби. Тие рекоа дека традиционалниот македонски рецепт за јуфки е со 15 јајца, малку сол, половина литар млеко, една шолја зејтин и околу 2 килограма брашно.

На манифестацијата беше презентирана македонската кујна од сите поднебја, а организаторот, преку овие настани, сака да ја потенцира улогата на жената во зачувувањето на традицијата и народните специјалитети во Македонија. (С.Н.)

Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=0047258FB19B9D4B91F23A68788E233B

Check Also

Дуња – кралица на есенските овошја

Дуњата е овошје кое не случајно ја нарековме кралица на есенските овошја. Дуњите започнуваат да …