Почетна / Агроекономија и агробизнис / До 2017-та во рацете на земјоделците 700 милиони евра

До 2017-та во рацете на земјоделците 700 милиони евра

Земјоделците да го прошират своето производство и да ги надградат сопствените бизниси е целта на новата петгодишна Програма за аграрна поддршка што во Владата ја разгледуваа сите релевантни фактори, претставници од земјоделските здруженија, науката и надлежните институции.

Програмата е рамка во која ќе се движат земјоделските политики за периодот 2013 – 2017 и таа предвидува драстично зголемување на субвенциите и е проектирана на вкупно 700 милиони евра. Доби позитивна оценка од странските експерти, но мерките се уште се дефинираат. Во текстот, како што рече ресорниот министер Љупчо Димовски, има место за сите издржани забелешки.
– Планираната сума што навистина е солидна, сакаме да ја реализираме во вистинска насока. Акцентот ќе биде ставен врз производството на сточна храна, примената на агроеколошките мерки и користењето сертифициран семенски материјал што ќе значи поголеми и поквалитетни приноси особено на житните и градинарските култури – нагласи Димовски.
Во фокусот на поддршката се и руралните средини, изградба на канализациски мрежи, водоснабдувачки системи и локална инфраструктура, патишта за полесен пристап на механизацијата до обработливите површини. Ќе се развива и руралниот туризам.
– Сакаме земјоделците да бидат добро информирани и да знаат што ќе се случува со субвенциите, во кој правец ќе оди поддршката следниве пет години – подвлече министерот Димовски.
Според него, досегашната пракса ги потврди позитивните ефекти од субвенционирањето.
– Ефектите од поддршката се евидентни ако се земе предвид дека земјоделското производство во изминатите години е зголемено, а во 2012 се очекува да надмине 720 милиони евра, а извозот над 500 милиони евра – напомена Димовски.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=82C78C413BACF14D89F23AA14B013330

Check Also

ИПАРД грантови за насади од лешник

Во очекување на првиот повик од новата ИПАРД 2 програма за кофинансирање и  финансиска помош, …