Почетна / Рурален развој / Ѓорче Петров создаде одлични услови за развој на селскиот туризам!

Ѓорче Петров создаде одлични услови за развој на селскиот туризам!

По повеќе од седум години инвестирање и надградба на инфраструктурата Општина Ѓорче Петров створи одлични услови за развој на селскиот туризам, вели градоначалникот Сокол Митровски.

Тој најави дека инвестирањето во овој сегмент ќе биде еден од приоритетите содржани во Стратегијата на Локалниот економски развој на Општина Ѓорче Петров која неодамна беше промовирана.
– И овој дел од Локалниот развој подразбира намалување на невработеноста, поголеми приходи, креирање подобри услови за локалните сопственици, севкупен развој на општината, односно создавање на подобро место за живеење за сите жители на општината Ѓорче Петров, изјави Митровски нагласувајќи дека основните стратегиски постулати се градењето на културни институции, стратегија за развој на туризмот во општината, градење на стратегија за зачувување на културно-историските знаменитости во Ѓорче Петров и инволвирање на сите невладини организации во општината. Градоначалникот вели локалната самоуправа ќе работи по примерот на Словенците кои со инвестирањето во локалната самоуправа успеаа да ја спречат големата миграција од внатрешноста кон големите градови.
– Една од целите на Општина Ѓорче Петров но и на целиот Скопски плански регион е да се направат услови за населението да остане во руралниот дел. Сметам дека со искористување на нашите капацитети и со поддршка на Владата ќе инвестираме во развој на селскиот туризам. Ѓорче Петров е Општина со голем потенцијал, традиција и културно-историски споменици и треба само малку придвижување за сето тоа да го9 презентираме пред домашните и странските туристи, вели Митровски. Според статистиката на општината, во изминативе години повеќе од 80 отсто од патната инфраструктура е изградена или реконструирана, здрава вода за пиење има за секој жител а речиси целосно е изградена е одводна и атмосферска мрежа.
Приоритетите на локалната власт кои ќе се реализираат во следните шест години се детално разработени на повеќе од 150 страници од Стратегијата за Локален економски развој на Општина Ѓорче Петров за периодот од 2012 до 2018 година.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=FDBC002D1B351E4AB7F0237D0A0E3C91

Check Also

Ќе се изработува физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

Во текот на оваа недела се очекува да биде потпишан договор за изработка на физибилити …