Почетна / Рурален развој / Ќе се изработува физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

Ќе се изработува физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

Во текот на оваа недела се очекува да биде потпишан договор за изработка на физибилити студија за развој и изградба на скијачки центар на падините на Галичица.

Според директорот на Националниот парк Галичица”, Зоран Ангеловски, доколку физибилити студијата покаже исплатливост на проектот ќе се премине на изработка и на мастер план.
– Очекуваме во текот на следната недела од наша страна да биде потпишан договорот со избраниот понудувач. Паралелно треба Јавната установа Национален парк-Галичицаа и Управата за хидрометереолошки работи да ги извршат своите обврски во однос на доградба на една мерна станица. Овие податоци од мерната станица се потребни за изработката на физибилити студија – рече Ангеловски.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=99B99BC5E5998E4D938354E4AFA38DE5

Check Also

Ѓорче Петров создаде одлични услови за развој на селскиот туризам!

По повеќе од седум години инвестирање и надградба на инфраструктурата Општина Ѓорче Петров створи одлични …