Откупот на тутунот може да почне. Како што велат од Сојузот на тутунските здруженија, осум компании заверија 240 мостри и веќе од вчера ги подигнуваат. Се очекува да бидат откупени од 23.000 до 24.000 тони.
– Условите за старт на откупот се исполнуваат со подигнувањето на мострите. Сокотаб од Битола и Тутунскиот комбинат најавија дека ќе ги отворат пунктовите во градот – изјави претседателот на Сојузот, Данчо Милески. Според него, интерес за откуп има зашто ориенталниот тутун се бара на пазарот.
– И овој откуп на тутунот е предвремен зашто официјалниот, законскиот почнува од 15-ти декември. Производителите двапати изминативе месеци имаа можност за откуп. Во септември и октомври се одвиваа двете фази од предвремениот откуп во кутии. Тогаш од планираните 4.450 тони се презедоа само 37% по просечна цена од 157 денари за килограм – рече Милески.
Пилот проектот за откуп на тутун во кутии ќе се спроведува наредните две години. Потоа Сојузот ќе бара законски измени и официјален почеток на откупот од 1 ноември до 15 февруари.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=D37CE9637F3DD14CA4AA34DDAE4133A7