Познатата река Радика и Мавровското Езеро порибени се со 15 илјади парчиња подмладок поточна пастрмка. Тоа едел од планираните ативности на вработените на националниот парк„Маврово“.
– Порибувањето е во рамките на годишната програма за порибување на водите кои се дел од Националниот парк. Во изминатите пет години, односно од почетокот со реализација на програмата за порибување, водите на Радика и Мавровското Езеро збогатени се со повеќе од 200 илјади парчиња подмладок на речна пастрмка,- изјави за медиумите Онер Јакупоски, директор на Националниот парк „Маврово“.
Освен порибувањето, вработените посветуваат посебно внимание и грижа во зачувувањето на рибиот фонд од рибокрадци. На денот на поробувањето тие запалија и над 500 мрежи запленети од рибокрадци.
Текст и фото: Вера Тодоровска