Почетна / Вести Свет / Зад скандалот со коњско месо мафијашка прашина се крева

Зад скандалот со коњско месо мафијашка прашина се крева

Организирани криминални банди што дејствуваат меѓународно, најверојатно, играат главна улога во скандалот со коњско месо, кој беше причина рафтовите во супермаркетите да се испразнат од повеќе продукти и предизвикаа загриженост од контаминација во синџирите за храна во Велика Британија.

Извори блиски до одделот за екологија, храна и земјоделски прашања и Агенцијата за стандарди на храната изјавија дека, по с` изгледа, контаминарините говедски бургери, лазањи и други продукти се резултат на измама, која има меѓународни размери.

Експерти од индустријата за коњски кланици изјавија за „Обзервер“ дека постојат докази дека полски и италијански мафијашки банди раководат со милионската измама, во која говедското месо е заменето со коњско во текот на производството на храната. Постојат наводи дека ветеринари и други претставници на кланиците и на производствените погони биле заплашувани за да потпишат дека се користи говедско месо, иако наместо тоа се користеле поевтините алтернативи како свинско или коњско месо.

Скандалот со коњско месо засега не е закана за јавното здравје, но властите наредија строга контрола на месото со ДНK-анализи. Полицијата во исто време ќе истражува дали навистина станува збор за организирана измама од светски размери.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …