Почетна / Вести Свет / Во светот се произведуваат скоро милијарда тони добиточна храна

Во светот се произведуваат скоро милијарда тони добиточна храна

Резултати од истражувањето на Alltech во областа на добиточната хранa, светското производство се зголемило на 950 милиони тони. Значаен раст е забележан во Африка и во областа на аквакултурата.

Во светски рамки се произведуваат 959 милиони тони добиточна храна и производството се зголемило за најмалку 4 % од минатата година покажуваат резултатите од истражувањето  GlobalFeed Tonnage Survey кое го спроведе и објави Alltech. Истражувањето било спроведено во 134 земји во светот во текот на декември 2012, со информации добиени во соработка со локалните здруженија на земјоделци и тимот за продажба на Alltech.

“ Публикацијата е објавена како статистичка информација за оваа индустрија која е корисна за новата календарска година и се надеваме дека ќе им овозможи на владите, невладините организации и пошироката јавност повеќе да го ценат доприносот  од оваа индустриска гранка во светот” – вели Ејдан Коноли, заменик претседател на Alltech и директор на ова истражување.

Меѓу 134те земји во кои е спроведено ова истражување, Кина повторно се покажала како најголем произведувач на добиточна храна со 191 милион тони и околу 10.000 фабрики за добиточна храна. На второ и трето место се наоѓаат САД и Бразил со 179 милиони тони од 5.251 фабрика, односно 66 милиони тони произведени во 1,237 фабрики за добиточна храна.

Азија е и понатаму светски регион број еден со производство од 350 милиони тони, но Африка бележи најбрз раст за скоро 15 %, од 47 милиони тони во 2011 на 54 милиони тони во 2012 година.

Кога би анализирале по видови:

Живинарството продолжува да доминира со застапеност од 43 %  односно 411 милиони тони и бележи раст од 8 %. Шеесет проценти од оваа добиточна храна е наменета за бројлери, а остатокот за кокошки несилки, мисирки, патки и друга живина.

Во секторот храна за свињи се забележува раст од 8% и изнесува 218 милиони тони глобално.

   Пазарот за сточна храна за преживари, вклучувајќи говеда и мали преживари е зголемен за повеќе од  13 отсто во период помеѓу крај на 2011 и декември 2012 година и изнесува 254 милиони тони.

Сточната храна за коњи е зголемена за скоро 17 % и изнесува 10,8 милиони тони. Аквакултурата е најбрзо растечки сектор која се зголемила за повеќе од 55% од 2011 година. Храната за домашни миленичиња се произведува во количина од 20,5 милиони тони, 40% е произведена во САД, иако Бразил бележи најзначаен напредок во овој сектор.

“Ако ги гледаме потребите во иднина, пред се да се прехранат 9 милијарди луѓе до 2050 година, резултатите од ова истражување би требало да внесат оптимизам во прехранбената индустрија и индустријата за сточна храна” изјави д-р Пирс Лајонс, претседател на Alltech.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …