Русија пред три дена вовела забрана за увоз на мисиркино месо од САД поради користење на хормонот за раст рактопамин соопштила руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор. Користењето на хормонот рактопамин во Русија е забрането.
Во Русија од 4ти февруари на сила е ограничување на увозот од САД на замрзнато свинско и говедско месо, готови месни производи, како и производи од внатрешни органи и нус производи од свињи и крупен добиток исто така поради користење на рактопамин. Од забраната е исклучено само пилешкото месо пренесува Finmarket.ru.
Спрема податоците од службата за надзор меѓу земјите од кои Русија увезува месо, рактопамин освен во САД активно се користи и во Канада, Мексико и Бразил. Меѓутоа увозот од овие земји не е прекинат бидејќи го прифатиле барањето од Русија, секој производ да има документ кој потврдува дека нема присуство на рактопамин.
САД и покрај барањата не доставиле гаранција дека тој хормон не е користен во производите од животинско потекло пренесува Finmarket.ru.