Почетна / Вести Свет / Во Русија увезвени јаболка со пестициди од Србија

Во Русија увезвени јаболка со пестициди од Србија

Околу 60 тони јаболка од Србија, увезени во Русија, биле со зголемено ниво на пестициди, соопштуваат од руската служба за контрола на земјоделските производи Росељхознадзор за агенцијата Бета.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев минатата недела на едно советување за руското земјоделство рекол дека увозот на земјоделски производи не е секогаш прифатлив ниту според цената, ниту според квалитетот, а како пример ја навел и Србија.

„Некои испораки се опасни по здравјето заради високото количество на пестициди и нитрати. Последен пример се јаболката од Полска и Србија”, рече Медведев, а пренесоа руските државни телевизии.

Како што соопшти Управата на Росељхознадзор за Калушката област, во февруари се откриени 311 тони јаболка со високо ниво на пестициди, најголем дел од Полска и Србија.

Само лани во Русија се увезени околу 14.000 тони јаболка во кои имало високи содржини на пестициди, соопшти Агенцијата за контрола на земјоделските производи.

Извор: kurir.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …