Почетна / Вести Свет / Во Европа нема да се увезува ГМО пченица!

Во Европа нема да се увезува ГМО пченица!

Најголемата светска компанија за производство на генетски модифицирана храна (ГМО), Монсанто, го повлече налогот за извоз на ГМО пченица во Европа по “Маршот против Монсанто” што се одржа во 52 земји.

Така Монсанто се откажа од сеење ГМО посеви во Европа откако се соочи со голем отпор на Стариот континент, кадешто се повеќе земји ја забрануваат употребата на неговото ГМО семе, пишува Бизнис инсајдер. Од компанијата изјавуваат дека е “контрапродуктивно да се борат против ветерници” откако на протестите кои започнаа минатата сабота граѓаните од 400 градови во 52 земји се побунија против таа компанија и нејзиното влијание врз владите. Онаму каде што се уште се практикува сеење на семето на Монсанто демонстрантите побараа таквите производи јасно да бидат означени дека се ГМО за потрошувачите да можат да направат свесен избор. Компанијата исто така најави дека е контрапродуктивно да продолжи со лобирање за ГМО посеви во Европа, но од друга страна постојано се обидува да ги убеди граѓаните дека ГМО храната е здрава, а дека нејзиното обележување како ГМО е скапо. Ова убедување за безопасноста на ГМО храната потсетува на времето кога Монсанто убедуваше дека нивниот производ ДДТ е безопасен, а денес е забранет насекаде во светот, пишува Бизнис инсајдер.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …