Почетна / Вести Свет / Сушите во Јужна Америка закана за недостиг на храна во светот

Сушите во Јужна Америка закана за недостиг на храна во светот

Сушите и високите температури предизвикани од климатските промени во Јужна Америка, која е главен производител на житни култури во светот, ќе влијаат врз безбедноста на резервите на храна на глобален план, апелира Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). 

– Тука не станува збор за иднината, туку за сегашноста и последиците ќе бидат многу поголеми отколку што мислиме – изјави Хозе Грасијано да Силва – генерален директор на ФАО, која во главниот град на Чиле, Сантијаго, го одржува своето 33. регионално заседание.

Тој посочи дека континуираните суши, како тие во јужниот дел на Бразил, се знак дека климатските промени дејствуваат со голем интензитет. 
– Несигурноста околу тоа што ќе се случи со испораката на храна поради ефектот на глобалното затоплување врз Латинска Америка ќе ги направи пазарите нестабилни и ќе се одрази врз цените, а државите ќе бидат принудени да ги обезбедуваат внатрешните недостатоци со тоа што ќе се вратат кон некои заостанати политики, како таа за создавање резерви за вонредни ситуации – истакна генералниот директор на ФАО. 

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …