Поради врнежите, пролетната сеидба доцни, што ќе се одрази врз развојот на културите, а условите се идеални за појава на болести и штетници, предупредуваат агрометеоролозите.
Според нив, пченка и сончоглед се малку посеани, а земјата е многу влажна за да се ора. Тие советуваат земјоделците да преземат мерки за заштита.
Ваквото време е најлошо за пчелите, кои не можат да излезат од кошниците по храна, иако багремот и доцните сорти јаболка интензивно цветаат.
Врнежите се поволни за есенските посеви, овошките и лозјата, зашто сега веќе има оптимална влага во почвата.
Извор: vecer.com.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија