Српската земјоделска и прехранбената индустрија може во 2012 година да оствари странски трговски суфицит од 1,3-1,4 милијарди долари.
Како што проценува земјоделската комора на Србија(PKS) толкав суфицит може да се постигне ако продолжи тековниот нагорен тренд на размена.
Вкупниот земјоделски извоз во 2012 година, според досегашните показатели би можел да достигне 2,7 милијарди долари, додека увозот може да изнесува 1,3-1,4 милијарди долари, изјави земјоделската комора на Србија.
Советникот на претседателот на земјоделската комора Воислав Станковиќ изјави дека за девет месеци, вкупниот земјоделски суфицит во надворешно трговската размена изнесува 1,03 милијарди долари, што е повисоко за 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а стапката на покриеност на увозот со извозот е поголем од 202 проценти.
Тој изјави дека од почетокот на годината до крајот на септември од Србија се извезени земјоделско- прехранбени производи во вредност од 2,04 милијарди долари, што претставува зголемување од 4,6 отсто во споредба со деветте месеци од минатата година.
Увозот пак е малку поголем од една милијарда евра, или повисок за еден процент отколку во првите девет месеци од 2011година.
Од почетокот на годината до крајот на септември, најмногу била извезувана пченка во вредност од 448 милиони долари, шеќер за 101 милиони долари, замрзнати малини за 99,8 милиони долари, масло за јадење 75,1 милион долари, како и пиво за 58,2 милиони долари.
На увозната страна доминирале т.н. неконкурентни производи, како што сурово кафе во вредност од 76,8 милиони долари, банани во вредност околу 26 милиони долари и портокали 15,4 милиони долари. Биле увезени и цигари во вредност од 36,6 милиони долари, како и тутун за 32,8 милиони долари.