Почетна / Занимливости / Енергија од пченка

Енергија од пченка

Во село Драгачица во петокот го одбележаа завршувањето на изградбата на првата електрана на биогас во западна Србија, а првата електрана во целата земја, која за производство на електрична енергија  ќе користи пченка.

Целиот проект за изградба на електраната ја  има направено Милан Филиповиќ (56). Електраната се наоѓа на неговиот имот во истото село и според неговата процена треба да почне со производство на струја за три месеци.

Електраната ќе произведува 75 киловати електрична енергија на час, или околу 600.000 киловат часови годишно. Според калкулацијата на Милан и сегашните услови на купување на т.н. зелена струја, треба да заработува 100.000 евра.

– Во градежништвото во светот ваква електрана  чини до еден милион евра, а јас сум во моја електрана инвестирав пет пати помалку и тоа благодарејќи на мојот ум – изјави Милан, кој по професија е машински инженер.

Електраната на годишно ниво би трошела околу 1.500 тони суровина, пченка, сточен грашок и детелина и трева, всушност се што скапува.

– Знам, многу ќе ми замеруваат што користам пченка за оваа намена, но јас би рекол дека  е многу попрофитабилно пченката да се користи за електрична енергија, а не за гоење бикови – вели Милан, кој во оваа работа ги вклучил и неговата сопруга и трите деца.  

– Затоа, апелирам до државните органи да му помогнат на секој земјоделец во изградбата на овие електрани, кои се иднината и тоа не само на Србија. Јас планирам да изградам уште еден погон и веќе за ова се заинтригирани многу соседи, се очекува дека во рок од една година во Драгачица да никнат уште три електрани.

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …