Почетна / Агроекономија и агробизнис / Коњановски: Во 2013 година земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација

Коњановски: Во 2013 година земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација

Некаде кон средината на идната година земјоделците и сточарите  ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација преку ИПАРД програмата на Европската комисија која обезбедува 14 милиони евра за таа намена.

Ова се само дел од проектите со кои во иднина ќе се помага земјоделството, а за кои на трибина во Кавадарци синоќа говореше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

– Од идната година исто така во програмите за финансиска поддршка дополнителна поддршка ќе добиваат регистрираните земјоделци. Тие ќе добиваат 20 проценти повисоки субвенции во однос на евидентираните земјоделци а во наредните пет години  ќе стигнат и до 50 проценти поголеми субвенции, рече Коњановски.

Осврнувајќи се на Законот за земјоделски задруги кој е во фаза на донесување  тој посочи дека земјоделците членови на задруги лично ќе добиваат поголеми субвенции а дел од трошоците за вода ќе им ги покрие државата. Самите тие ќе постигнувале поголеми цени и подобра позиција на пазарот. Менаџерите на тие задруги кои ќе ги одбереле задругарите, ќе ги плаќала државата со средства од програмата за рурален развој.

– Ќе има низа поволности за земјоделските задруги, но најголема поволност е што така здружени земјоделците ќе бидат фактори на пазарот, нагласи Коњановски, потсетувајќи на петгодишната програма за развојот на земјоделството и предвидените 700 милиони евра поддршка за земјоделците по разни производи и мерки. Во програмата се предвидени и посебни субвенции за земјоделците кои ќе користат добри земјоделски практики.

Тој  образложи исто така дека од следната година ќе се пристапи кон можноста за легализација на  објекти те кои се во функција на земјоделството, а се дивоизградени врз земјоделско земјиште. Се мисли на рибници, оранжерии, ладилници, магацини. Вакви објекти кои се особено потребни при користење на средства од ИПАРД програмата на Европската Унија, ќе можат да се градат и понатаму, со дозвола на општината. Заменик-министерот им нагласи на кавадарчани дека ќе имаат можност да ја легализираат и земјоделската механизација за која сега поради најразнични причини немаат документација. Ќе се реши проблемот со тракторите кои сега поради немање на документи не можат да бидат регистрирани.

Тој истакна дека е стопиран  негативниот тренд во лозарството и сега се оди кон засилен развој на Тиквешијата. Добрата гроздоберска сезона оваа година требало  да биде поука за во иднина. Коњановски е сигурен дека годинешново грозје ќе се плати навреме. Во прилог на добрата клима во лозаровинарството е и  фактот што македонските винарници веќе почнале да бараат дозволи за извоз на произведеното вино. Државата ќе продожела да ги поддржува винарниците преку промоција на нивните вина на саеми низ светот.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/90641-Konjanovski-Vo-2013-godina-zemjodelcite-i-stocarite-ke-mozat-da-obezbedat-zemjodelska-mahanizacija

Check Also

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен”

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен“   18-ти мај …