Почетна / Вести Свет / Србија воведува заштитни царини за увоз на земјоделски производи

Србија воведува заштитни царини за увоз на земјоделски производи

Владата на Србија одлучи од 1 јануари следната година да воведе плаќање на посебен надомест за увоз на одредени земјоделски производи поради заштита на домашниот аграр.

Одлуката ги опфаќа сите видови на месо, колбаси, млеко, јогурт, масло, маргарин, сите видови на сирење, јајца и компир. На овој список се и разни видови на смрзнат и свеж зеленчук, грозје, јаболки, кајсии, сливи и друго овошје, конзервирани производи од месо, шеќер, супа, шорба, ракија, алкохолни пијалоци, тутун…

Од Министерството за земјоделство на Србија велат дека износот за посебните давачки зависи од видот на производите кои се увезуваат, а највисоката ќе биде од 0,7 евра за килограм на сите видови  сирење. 

„Заштитните царини за земјоделските производи ќе се плаќаат, според трговскиот договор со ЕУ до 2014 година, но проблем за конкуретноста на српските производи не е цената, туку малата продуктивност“, смета претседателот на Стопанската комора на Србија, Воислав Станковиќ.

Извор: http://kurir.mk/svet/region/97155-Srbija-voveduva-zastitni-carini-za-uvoz-na-zemjodelski-proizvodi

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …