Почетна / Вести Македонија / Аронија на нивите во Азот

Аронија на нивите во Азот

Светската здравствена организација аронијата ја прогласи за супер храна поради лековитото дејство. Нутриционистите ја препорачуваат како лек за срцеви заболувања, панкреас и тироидна жлезда бидејќи во себе содржи многу витамини и микроорганизми.

Аронијата која е малку позната во Македонија, се повеќе е присутна на полињата во регионот на Азот. Ова зрнестото растение во последниве години стана хит меѓу земјоделците од општина Чашка. Жители од селата Мартолци, Оморани, Теово, Извор, поради добрите климатски услови, се повеќе ја садат. Еден од првите кој на своите ниви ја засадил е Бојанчо Нанов, земјоделец од селото Мартолци. Пред три години тој најнапред се распрашал за аронијата, за нејзиниот род, начинот на одгледување. Кога се уверил дека аронијата е доходовна зел садници од Пехчево. Ја подготвил површината, ископал дупки и ги засадил младите фиданки.
– Бевме први во селото, а можеби и во околината што засадија аронија. Преку лето ја наводнувавме, па аронијата брзо растеше и даде род. Бевме сите задоволни – вели Нанев.
Плодот од аронијата се бере во есен. Нанев на почетокот, стравувал за пласманот. Но, се изненадил кога три години по ред целиот род од дома му го купиле. Го продал по 200 денари за килограм. За аронијата на Нанев разбрале земјоделците од целиот регион на Азот. Доаѓале да ја видат како цвета, како дава род. Откако се увериле и тие прифатија да ја одгледуваат. Површините се зголемија. Аронијата стана хит во овој регион на општина Чашка. Моментално неа ја одгледуваат триесетина семејства.

Инаку, ова зрнесто растение од неодамна започна да се одгледува и во нашата земја. Потекнува од Америка. Светската здравствена организација ја прогласи за супер храна поради лековитото дејство. Нутриционистите ја препорачуваат како лек за срцеви заболувања, панкреас и тироидна жлезда бидејќи во себе содржи многу витамини и микроорганизми.
– Таа во себе има страшни антиоксиданти. Се борат за нејзиниот опстанок, но исто така преку плодот што го внесуваме во организмот овие антиоксиданти се пренесуваат и кај нас. Со нив нашата отпорност, нашиот имунитет е на многу високо ниво – вели Цвета Динева, нутриционистка од ЦД “Диет Клуб”.

Аронијата освен, како што вели Светската здравствена организација, дека е лек, може да биде и исплатлив бизнис. Од неа може добро да се заработи. Не бара многу работа, а има добар приход. Земјоделците од регионот на Азот планираат да ги прошират површините под аронија.

(С.А.)


Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=FCBE8ABF37F51F41B41FAF5E476AC37D

 

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …