Нема никаков проблем со исплатата на земјоделските субвенции, дециден е министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
Според него, од 2011 година веќе не постои терминот неисплатени, туку непребиени субвенции, со заостаната обврска на земјоделците за неподмирена закупнина за користење државно земјоделско земјиште.
– Во фаза се потпишувањата на договорите меѓу Министерството и корисниците на државното земјоделско земјиште. Тие треба да знаат дека со ова се пролонгира обврската за нивно плаќање до 31 јуни следната година кога е последниот датум да ги платат овие обврски. Истовремено извршивме корекција и во Законот за земјоделско земјиште согласно која, за слични случаи, за неплатени обврски се е предвидено наеднаш, за 2011 и 2012 година разликата од обврската до вистинската вредност на субвенцијата да биде наеднаш исплатена – објасни Димовски кој нагласи дека вакви случаи нема многу.