Почетна / Вести / Сковин ги исплати обврските кон лозарите пред истекот на законскиот рок

Сковин ги исплати обврските кон лозарите пред истекот на законскиот рок

Во нашата редакција пристигна допис од една од најголемите винарски визби во Македонија – Сковин, која што е една од ретките во Македонија кои ги исплатија во целост обврските кон лозарите за бербата во 2012. Ви го прикажуваме дописот во целост.

Најголемиот откупувач на грозје во Македонија и годинава ја зацврстува соработката со лозарите 

СКОВИН ГО ИСПЛАТИ ГРОЗЈЕТО ЗА БЕРБАТА ВО 2012 

Винарската визба Сковин денес целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година, како и минатата годинa пред истекот на законскиот рок. 

Сковин оваа година обработи рекордни 18.5 милиони килограми грозје, од кои откупи 15,5 милиони килограми грозје од откупни центри, производители и физички лица, со што стана најголем откупувач на грозје во Македонија. Останатите 3 милиони кг грозје Сковин го обезбеди од сопствени лозови насади. 

При средбата со лозарите, извршната директорка Марија Митева изјави: “Сковин останува доследен на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и почитување на временските рокови кон сите свои деловни соработници и кооперанти. Деловна политика на Сковин е да ги почитува роковите за да им овозможи на кооперантите да вложуваат во зголемување на производството и неговиот квалитет. Добрите односи со лозарите се наш највисок приоритет. Квалитетот на нашиот производ директно зависи од квалитетот на нивниот. Затоа, не можеме да дозволиме негата на лозјата и насадите да зависи од исплатата на долговите. Свесни сме за комплицираните должнички односи во нашата локална економија и сакавме со предвремената исплата да им помогнеме на нашите соработници. Сковин не може да расте без растот на своите соработници. Затоа толку многу и инвестираме во нашите добри односи.”

И оваа година, како и претходните, Сковин ги почитуваше препораките на Владата во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, па предвремено и соодветно на законот за земјоделство и рурален развој го исплати откупеното грозје

Check Also

Исплатени се субвенциите на тутунарите во Прилеп

Неколку стотици прилески тутунари и производители од околината ги “нападнаа” банките во Прилеп по субвенциите, …