Почетна / Вести / Земјоделство во сала

Земјоделство во сала

Од површина од 2.300 метри квадратни собираат по околу 10.000 глави зелена салата на ден, 100 пати повеќе отколку што се добива со традиционални методи, а притоа трошат 40% помалку енергија, и 99% помалку вода.

 

Фармата е сместена во поранешна фабрика за полупроводници и користи специјални ЛЕД светилки развиени од Генерал Електрик кои помагаат растенијата да растат 2,5 пати побрзо. Моментално во тек е изградба на ваква фабрика во Хонг Конг, а по ова следуваат Монголија, Русија и Кина.

Идејата за изградба на фармата следува по цунамито од 2011-та, кое меѓу другото ја распарчува фабриката. Плус, по катастрофата се јавува проблемот со плодно земјиште кои би можело да се засади со земјоделски култури.

Автор на целиот проект е Шигехару Шимамура, сопственик на компанијата Мираи. Тој успева да го скрати циклусот на растење/зреење на зеленчукот со “укинување на ноќта,” ја оптимизира температурата, светлоста и влажноста во фабриката и го користи вертикалниот простор за да засади повеќе “спратови” зеленчуци.

Моментално процесот е само полу-автоматизиран, машините вршат дел до работата, ама берењето се врши рачно. Во иднина се очекува роботите да го преземат берењето и транспортот на зеленчукот до пакувањето.

Изборот на зелена салата е затоа што таа брзо расте и може брзо да биде испорачана на пазарот, заради што за сега ќе одат само на лисести растенија. Инаку системот (со помала исплатливост) би можел да поддржи и останати зеленчуци.

Идејата е системот доволно да се развие за да може полесно да се имплементира и во останатите делови во светот “во кои има проблем со ресурси и со простор.”

 

Check Also

Исплатени се субвенциите на тутунарите во Прилеп

Неколку стотици прилески тутунари и производители од околината ги “нападнаа” банките во Прилеп по субвенциите, …