Неколку стотици прилески тутунари и производители од околината ги “нападнаа” банките во Прилеп по субвенциите, кои владата започна да ги надоместува во висина од 60 денари за предаден килограм тутун од ланската берба.
Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави во Прилеп дека се исплатени 23 милиони евра за тутнарите, а остнуваат уште околу 3,5 милиони евра за околу 3500 тутунари, кои ќе ги земат субвенциите до петок.
Тутунарите трпеливо и радосно чекаа субвеници во редиците пред банките.
Илија Стојаноски во “опашката” пред Тутунската банка вели дека навреме им стигнале субвенциите за почетокот на идната производствена сезона.
– Субвенциите се добредојдени да платиме кирија за нивите, да купиме ѓубре за расадот и политиленска покривка. Ланската сезана излезе одлична. Заедно со субвенциите, родот помина четири евра од килограм. Задоволен сум. Затоа годинава наместо десет, ќе произведувам тутун на 15 декари. Купив и машина за садење, а со ниет сум да се модернизирам и со машина за нижење. Со субвенциите се осовременувам за поголемо и поквалиттено производство – вели Стојаноски.
Сојузот на тутунските здруженија оценува дека ориенталните типови тутун се бараат на светскиот пазар.
– Очекуваме зголемување на проиводството за најмалку 20 отсто. Само во Прилепско ќе се занимаваат со тутунопроизводство околу 15 илјади тутунари – велат од здружението.
Според стручнците, прилепските тутунари в година ќе однесат на вагите кај откупувачите над 20 илјади тони тутун.
Извор:Дневник