Почетна / Вести Свет / Се поголема побарувачка на овошје во Кина

Се поголема побарувачка на овошје во Кина

Состојбата на светскиот пазар на овошје се менува, што е добра вест за производителите, но не и за потрошувачите бидејќи ќе се зголемат цените на овошјето поради големата побарувачка од Кина.

Јаболката, грозјето и мангото се очекуваат да поскапат бидејќи кинеската средна класа се повеќе ги купува овие производи.

“Светскиот пазар на овошје од пред 12 месеци почна забрзано да се менува. Азија и Блискиот исток имаат најголемо влијание за тоа. Зголемената побарувачка од земјите со зголемен економски раст ќе има влијание врз досегашните цени“ објаснува Teo de Kol директор на белгиската компанија Univeg.

“Земјоделците сега имаат алтернатива за европскиот пазар и затоа ќе ги зголемат цените“ додаде De Kol.

“Луѓето сакаат да покажат дека стандардот им е пораснат, тоа се случуваше и кај нас во минатото со бананите и портокалите, но Кинезите во тоа се многубројни“ објаснува  Filip Apeltan претставник на белгиското здружение за хортикултура.

“За производителите тоа е добра вест бидејќи четири петтини од белгиското овошје е наменето за извоз кон Јапонија, Блискиот исток и се повеќе во Кина. За чувствителните видови на овошје како што се јагодите и малините зголемувањето на цените не важи бидејќи тие мора да се превезуваат со авион, а тоа е многу скапо“ изјави Apeltan за белгиските електронски медиуми.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …