Почетна / Вести Свет / Бразил со жалба до СТО за забраната за увоз на говедско месо

Бразил со жалба до СТО за забраната за увоз на говедско месо

Бразил им даде рок до март на земјите кои го ограничија увозот на говедско месо да ги укинат забраните, во спротивно ќе поднесат жалби против нив во светската трговска организација изјави бразилското министерство за земјоделство.

Откако е потврден еден случај на атипична бовина спонгиоформна енцефалопатија (БСЕ)односно кравјо лудило кај едно грло кое умрело во 2010 година, пет држави воведоа делумни или целосни забрани за увоз на говедско месо од Бразил пренесува Ројтерс.

-До атипично БСЕ може да се појави и спонтано кај стари говеда. Заболеното говедо имало 13 години и кај него болеста никогаш потполно не се развила изјавува министерството за земјоделство на Бразил кое официјално смета дека нема никаква причина за загриженост од страна на странските увозници.

Помеѓу државите кои реагирале на појавата на БСЕ се Египет и Саудиска Арабија кои спаѓаат меѓу десетте најголеми увозници на говедско месо од Бразил. Египет го забрани увозот на месо само од областа Parana каде што е регистриран случајот, додела Саудиска Арабија целосно го забрани увозот на говедско месо од Бразил. Привремени забрани вовеле и Јапонија, Кина и Јужна Африка.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …