Месарниците веќе нема да смеат да продаваат мелено месо. Тие ќе мора да го мелат во присуство на купувачот. Ова се новините кои ги пропишува новиот правилник кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство.
– Веќе нема може топтан рефусно да се продава без потрошувачот да знаете што има во него. Ново е што секоја месарница нема да може однапред да го приготвува месото и така да стои приготвено. Нормално, потрошувачот ќе може да добие мелено месо доколку побара, а полуготовите производи од мелено месо ќе можат да се приготвуваат само во објекти кои имаат одобрување за тоа – вели Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство во изјава за Канал5. Со правилникот сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначени земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање. Правилникот налага на декларацијата, доколку месото е увезено, да пишува каде е родено, одгледано и заклано животното, неговата старост, да биде назначен кодот на земјата од каде што доаѓа и бројот на кланицата.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=DF0177BDEDBF0C4EA795669C96E48E7C