Почетна / Вести Свет / Поскапеа кафето и шеќерот

Поскапеа кафето и шеќерот

Kафето од типот „арабика“ од почетокот на годината поскапе за околу 60 отсто, а шеќерот за само еден месец 20 отсто, што е директна последица од глобалното затоплување.

 

Годинашната зима беше една од најтоплите во Европа од 1900 година, а во јануари и февруари Бразил го погоди незапамтена суша, пренесе весникот „Фигаро“.

Бразилските земјоделци со нетрпение ги очекуваат првите дождови за да се спаси бербата, но пазарите веќе сега реагираат на песимистичките прогнози за производството на кафе и на шеќерна трска со голем раст на цените.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …