Почетна / Вести Македонија / Разрешен претседателот на федерација на фармери

Разрешен претседателот на федерација на фармери

Андрија Секуловски е разрешен од функцијата претседател на Федерацијата на фармери на Република Македонија.

Kако што соопшти Федерацијата, Управниот одбор одлуката ја донел на седницата одржана на 13 февруари 2014 со мнозинство гласови, по констатирање низа неправилности во неговата работа.

Управниот одбор на ФФРМ го назначи Мемет Синани, заменик-претседател на организација за претседател на Федерацијата. Оваа функција Синани ќе ја извршува до крајот на март кога треба да се одржи редовното Изборно собрание на Федерацијата на фармерите на РМ.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …