Почетна / Вести Македонија / Смартвајн – интелигентен мониторинг систем за лозови насади

Смартвајн – интелигентен мониторинг систем за лозови насади

Смартвајн – првиот од петте победнички проекти на конкурсот за иновации на Македонски Телеком и Т-Мобиле излезе на пазарот.

Станува збор за интелигентен мониторинг систем за лозови насади, со кој се автоматизира процесот на производство на грозје и се олеснува производството на вино. 
– Смартвајн е решение базирано на клауд со сензорска мрежа што се поставува на насадите. Овозможува 24-часовен мониторинг систем што во реално време информира за состојбата на лозовите насади. Во случај на можни ризици од болести на растението, суша или мраз, системот го алармира корисникот да ги преземе потребните мерки. Ова е целосно екорешение, затоа што ја зголемува ефикасноста, го олеснува процесот на производство, штеди енергија, вода и хемикалии. Смартвајн се издвојува и по тоа што освен што е применлив и на други земјоделски гранки, истовремено е лесно применлив на кој било пазар во светот, што го прави и интернационално интересен – велат од Македонски телеком.

Проектот е реализиран со конкурсот за иновации на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, преку кој со инвестиција во вредност од 100.000 евра се реализираат петте најиновативни проекти. Уште пред комерцијалниот старт, Смартвајн ќе биде презентиран на меѓународниот саем за иновативни проекти – ЦеБит во Хановер.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …