Почетна / Вести Свет / Паника вo Солун, има токсични банани

Паника вo Солун, има токсични банани

Токсични банани предизвикаа вознемиреност меѓу жителите на Солун, откако властите утврдиле дека на пазарите во градот трговците ги прскале бананите со забранети пестициди за побрзо да созреат, пишува списанието „Епикера“.

Јавното обвинителство на Солун наредил детални проверки, а изречени им се и казни на повеќе продавачи на банани.

Вакви случаи  биле регистрирани и порано, а според трговци на големо на главниот пазар за овошје и зеленчук во Солун, имало дури и посебно „место за зреење“ на бананите, каде тие биле прскани со забранети пестициди.

Извор: kurir.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …