Почетна / Вести Свет / Научниците го “отклучија” генетскиот код на пченицата

Научниците го “отклучија” генетскиот код на пченицата

Научниците “отклучија” клучни делови од генетскиот код на пченицата која е едан од најважните житарици, што би можело да доведе до производство на доволни количини на храна за луѓето.

Тие се надеваат дека новите податоци ќе го забрзаат развојот на нови подврсти на пченица кои што ќе бидат отпорни на растителни болести и суша, што се клучниот фактор за пропаѓање на посевите.

Жетвата оваа година беше погодена од екстремните временски прилики ширум планетава, што доведе до поскапување на храната. Деталите за откритието се објавени во списанието “Nature”, пренесе Би-Би-Си. Во истражувањето учествувале научници од Велика Британија, САД и Германија. Својата работа ја базирале на публикација во рамки на пченичниот геном од 2010 година и развиле начин за дешифрирање на поединечните сегменти на геномот. 
– Една од причините поради која пченицата се одгледува ширум светот е можноста за нејзино прилагодување на локалните услови – изјави коавторот на студијата, Нил Хол од Универзитетот во Ливерпул.

Пченицата лани со 681 милиони произведени тони била трета најзастапена житарица, по пченката и оризот и имала удел од 20% во сите калории што ги консумирала светската популација. Професорот Хол вели дека новото откритие ќе помогне во развојот на отпорноста на пченицата и подобрување на квалитетот на зрното. 

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …