Четири видови македонско вино се продаваат во продавницата Мекартур на семејството Басин во Вашингтон, која е една од најстарите од ваков тип во градот и датира уште од 1957 ма та година, објави Гласот на Америка.
Во продавницата Мекартур се продаваат 5.000 видови на вино од 30-ина држави. Годишниот обрт на оваа продавница е 12 милиони долари.
Четириесет и четиригодишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години. Македонското вино го открил лани, на дегустација во Македонската амбасада во Вашингтон.
Грозјето е различно. Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти. “Вранецот” е најбаран, поради неговата комплексност и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни”, вели Фитер.
Покрај “вранецот”, додава, муштериите може да купат и “жилавка”, “кратошија” и “ркацители”.
Најевтиното вино во продавницата чини неколку долари, но за оние со префинет вкус и ултрадлабок џеб, има и такво што се продава по 14.700 долари по шише. Најскапото вино во оваа продавница доаѓа од јужна Франција.
Извор: vecer.com.mk