Почетна / Вести Свет / Кинa планира да одгледува зеленчук на Марс

Кинa планира да одгледува зеленчук на Марс

Откако научниците во Пекинг ги објавија првичните тестирања, кинеските астронаути детално се подготвуваат за оспособување на растенија што евентуално би се одгледувале на Марс и Месечината.

Во посебна лабораторија, научниците успешно одгледаа четири видови зеленчук, додека кинеските астронаути сега минуваат низ посебна практична обука за нивно одгледување на Марс.

Новиот систем се состои од билки и алги, додека на вселенските бази од одгледуваните растенија ќе се произведува кислород.

За прв пат Кина експериментира на овој начин, а за наредната година се планира да испратат истражувачко летало на Марс со што ќе го започнат амбициозниот план и долгорочната вселенска програма за одгледување зеленчук надвор од Земјата.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …