Нестле отвори лабораторија за проучување на патогени микроорганизми кои се штетни за човековото здравје, а се создаваат во храната.
Новоотворената лабораторија е најнапредна од ваков вид во индустријата. Просториите на лабораторијата што се наоѓаат во Истражувачкиот центар на Нестле во Швајцарија, имаат делови со ограничен пристап, достапни само за персоналот што завршил обука. Влезот е дозволен само со заштитна облека, а однесувањето мора да биде во согласност со строгите хигиенски процедури.
Целта е користење на сите расположливи научни методи за уште повеќе да се унапреди процесот на уништување на патогените микроорганизми во храната, но притоа да се задржат хранливите вредности на производите.
– Постојано се соочуваме со познати патогени, како салмонелата, но како што патогените еволуираат, се јавуваат и нови закани. Ние секогаш мора да бидеме чекор понапред – изјави технолошкиот директор на Нестле, Вернер Бауер.
Според него, истражувањата што се спроведуваат се многу значајни за Нестле, а сметаат дека имаат одговорност да ги споделат резултатите со научната заедница и со потрошувачите, така што секој ќе има корист од нив.
Извор: vecer.com.mk