Најголемиот производител на земјоделска механизација Џон Дир, објави рекордна заработка во вториот квартал од 1,084 милијарди долари
нето профит додека приходот за 6 месеци изнесува 18,335 милијарди долари. Џон Дир и годинава е на добар пат на поставување на рекорди во заработките во досегашното работење. менаџментот на компанијата изјави дека ова се должи на позитивните текови во глобалната земјоделска економија која продолжува да импресионира. Глобалниот раст на цените на основните прехрамбени производи, како и зголеменото производство неодложно налагаат да се развива механизацијата на сите нивоа. Компанијата очекува раст од 7% до крајот на годината но и да се зголеми вкупното присуство на брендот John Deere во повеќе земји во светот.