Почетна / Занимливости / Изложеноста на пестициди предизвикува Паркинсова болест

Изложеноста на пестициди предизвикува Паркинсова болест

Изложеноста на пестициди е поврзана со поголем ризик за заболување од Паркинсонова болест, покажува најновото италијанско истражување.

Анализата на податоците собрани за потребите на 89 претходни студии е спроведена на миланскиот Институт „Clinici di Perfezionamento“.

Севкупната изложеност на пестициди била поврзана со 33 отсто до 80 отсто поголеми изгледи за заболување од Паркинсонова болест.

Вооченото зголемување на ризикот било најизразено кај лицата кои биле изложени на пестициди поради работа во земјоделството, објави стручното списание „Neurology“.

Паркинсоновата болест е прогресивна, дегенеративна состојба, општо окарактеризирана со тресење, забавеност на движењата (брадикинезија), вкочанетост, и абнормалности во држењето на телото.

Во својот најсериозен облик, поврзана е со длабоко физичко и ментално нарушување.

Извор: kurir.mk

 

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …