Почетна / Вести Македонија / ЦЕФТА земјите да ја зголемат соработката за поголем извоз

ЦЕФТА земјите да ја зголемат соработката за поголем извоз

Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката за поголема размена со земјоделските производи, да ги детектираат евентуалните пречки во рамки на трговските ЦЕФТА договори и да побараат помош од државните институции за нивно заедничко надминување.

За поконкурентно земјоделско производство, а со тоа и поголема трговска размена неопходно е да се зајакнат активностите на институциите и на агробизнисмените за поголемо искористување на европските фондови за поддршка на земјоделството.
Ова се дел од препораките кои ги упатија дел од учесниците на агробизнис форумот што го организираа УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

– Соработката за поголема трговска размена станува пракса и нужност зашто државите од регионот веќе бележат дефицит со ЕУ од околу 1,5 милијарда евра. Преку интензивни контакти ќе може барем да се надмине овој негативен биланс, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Според него, понекогаш земјите-членки на ЦЕФТА не ги почитуваат одредбите. Се воведуваат вонтарифни бариери со што се спречува слободниот проток на земјоделски производи на пазарите од државите во регионот.

И директорот на регионалниот проект за Западен Балкан и Кавказ на УСАИД Филип Стојановиќ потенцира дека е неопходна поголема соработка меѓу компаниите од регионот. Повеќе, рече, знаеме за други држави, како Германија, отколку за соседите.
– Сите треба тоа да го сториме, да реагираме на две нивоа, и кај државните институции и кај бизнис секторот, посочи Стојановиќ.

Според него, причините за многу малиот процент на искористеноста на ЕУ фондовите треба да се бараат, пред се, во немањето доволно искуство за пишување програми и банкарски кредитирања.
– Освен што фирмите најчесто не знаат што сакаат да направат, недостасува и искуство кај владите како инфраструктура, нагласи Стојановиќ.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …