Почетна / Вести Македонија / Влезот на Хрватска во ЕУ е позитивно за македонското земјоделство

Влезот на Хрватска во ЕУ е позитивно за македонското земјоделство

Македонија по 1 јули годинава, од влегувањето на Хрватска во Европската унија, нема да почувствува никакви негативни последици во однос на трговијата со земјоделските производи, изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски.

Според него, веќе се реализирани преговорите со надлежните институции од Унијата, а нашиот тим одлично ја завршил работата. Количината наливно вино кое беше предмет на извоз во Хрватска е зголемена и е ставена во квотата производи кои ќе можат да се извезуваат дополнително во ЕУ. За сите останати земјоделски производи од Македонија ќе има слободен извоз, без никакви царински ограничувања и контингетни, додека за увозот од членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, квотите се проширени, но за најмногу до половина од увозот на хрватските на македонскиот пазар.
– Ова е позитивно за нас, договорот треба да биде потпишан многу скоро и веќе од 1 јули ќе треба да се применуваат овие одредби, рече Димовски.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …