Почетна / Вести / И Нестле повлекува храна поради коњско месо

И Нестле повлекува храна поради коњско месо

Компанијата Нестле соопшти дека ги повлекува готовите јадења со тестенина и говедско во Италија, Шпанија и Франција бидејќи во нив е пронајдено коњско месо, јави агенцијата АП.

Во соопштението на најголемиот светски производител на храна и пијалоци се вели дека трагите од коњска ДНК се најдени во готовите јадења што се продаваат под името Buitoni Beef Ravioli, Beef Tortellini и Lasagnes A la Bolognaise Gourmandes.

Нестле соопшти дека месото било набавено од германската компанија ХЈ Шипке (H.J. Schypke).

Аферата со коњско месо веќе извесно време ги потресува пазарите со готови јадења ширум Европа.

Check Also

Сковин ги исплати обврските кон лозарите пред истекот на законскиот рок

Во нашата редакција пристигна допис од една од најголемите винарски визби во Македонија – Сковин, …