Грчки фармери блокираа и денеска автопатишта во државата за да протестираат против високите цени на горивата и намалените субвенции, јави ДПА.
Протестите предизвикаа и судири меѓу земјоделците и полицијата. Демонстрантите го блокира главниот автопат што води кон Бугарија и во судирите со полицијата, еден полицаец е повреден и 11 фармери се уапсени.
Блокади имаше и на магистралата меѓу Патра и Коринт на Пелопонез. Демонстрантите беа протерани со солзавец. На тие демонстрации има најмалку тројца повредени и најмалку тројца приведени.
Извор: kurir.mk