Почетна / Вести Свет / И млекото во Војводина е токсично, тврди секретарот за земјоделие

И млекото во Војводина е токсично, тврди секретарот за земјоделие

екретарот за земјоделие во Војводина Горан Јешиќ објави на Твитер дека од 35 примероци за анализа на млеко во Војводина дури кај 29 е пронајдена зголемена вредност на алфатоксини.

– Од 35 примероци, 29 имаат зголемена вредност на алфатоксини. Сите производи имаат ист проблем, наведе Јешиќ.

Тој објасни дека проблемот е во исхраната и пченката која оваа година е подложна на контаминација.

Претходно тој наведе дека ситуацијата е „алармантна“ и додаде дека не гледа ниту една причина млекото кое е загадено да не се повлече од продажба.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …