Почетна / Вести Македонија / Земјоделците од Неготино и Демир Капија легализираа 129 трактори

Земјоделците од Неготино и Демир Капија легализираа 129 трактори

Од почетокот на законското решение за легализација на механизацијата која нема соодветна документација досега вкупно 129 сопственици на трактори од Неготино и од Демир Капија ги легализирале своите трактори, информира Златко Пенков, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Неготино.

– Постапката за утврдување на сопственички статус отпочнува со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд со соодветна документација. Судот во рок од три дена го известува ресорното министерство со барање преку огласните табли да информира за поднесениот предлог. Министерството во рок од три дена го доставува предлогот до соодветната подрачна единица која пак во рок од 24 часа го објавува на огласна табла. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена. Доколку во тие 30 дена не се јави некој кој писмено ќе докаже сопственост на соодветниот трактор, судот во рок од 15 дена донесува решение за легализација, појаснува Пенков.

Граѓаните можат да поднесат документи за легализација до 10 април оваа година.

 Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …