Почетна / Вести Свет / Храната во пластика и конзерви опасна по здравјето

Храната во пластика и конзерви опасна по здравјето

Чувањето храна во пластични садови е опасно по здравјето. Причина за ова е опасната материја бисфенол А(БПА), која е широко користена компонента кај пластични контејнери и пакувања на хранливи продукти, како што е внатрешната обвивка на конзервите и покрај тоа што повеќе од 200 научни студии, покажуваат дека (БПА) е штетна за здравјето на луѓето. Употребата на (БПА), е толку природно што научниците откриле дека 95% од луѓето што се тестирале, имаат опасно ниво на (БПА) во нивните тела.

 

Избегнувањето на конзервираната храна е можеби најдобриот начин за да се избегне (БПА). Неодамнешните истражувања во Харвард школата за јавно здраство, открија дека конзервираната храна и пијалоците може да го зголемат нивото на (БПА) во вашите тела за 100%, само во период од пет дена. Водечките истражувачи истакнаа дека со оглед на ваквиот нов наод, конзервираните продукти може да бидат уште поголем придонес за зголемување на (БПС) во вашите тела, за разлика од нивото кое што го има во пластиката. Истражувањето покажало дека можете да се заштитите од неизбежните негативни ефекти на изложеност на (БПА), со јадење на традиционална фермантирана храна, како и суровина на органски кефир, фермантиран зеленчук или со земање на висок квалитет на пробиотик. Овие јадења содржат пријателска бактеријаа, која има моќ да ја уништи (БПА), како и да ја намали вашата цревна апсорпција на истата.

Поради тоа, се препорачува да се користат само стаклени садови, керамика, или некој нерѓосан челик, наместо пластични чаши, или чинии од стиропор.
-Ако веќе се одлучите да користите микробранова, не ставајте храна во пластичен сад. Доколку на крајот се решите да користите пластични контејнери за вашата храна, не заборавајте барем да ги избегнете оние кои што на дното се заведени со бројот 7, затоа што овие садови содржат големо количество на (БПА). Оние кои што на етикетите се означени со броевите 1, 2 или 4 не содржат (БПА), но содржат други хемикалии кои што можат да влијаат штетно по вашето здравје. Најдобро е место пластика да користите стакло – стои во препораките од Харвард универзитетот.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …