Почетна / Вести Свет / Хрватското свинско повторно забрането во ЕУ

Хрватското свинско повторно забрането во ЕУ

Извозот на живи свињи, свинско месо и сувомесни производи од Хрватска, траеше само 14 дена по влезот на државата во Европската унија, по што беше запрен бидејќи производителите користеле вакцини против свинска чума што се забранети од ЕУ.

Извозот е повторно запрен, бидејќи Хрватска не извршила проверка над вирусот аујецки, што го напаѓа централниот нервен систем, објави „Гласот на Славонија“.

Со тоа хрватскиот извоз на свињи е запрен, само што почна, по осумгодишна забрана поради истите причини, а останува отворено прашањето колку производителите за тие две недели биле во состојба на изнесат од земјата живи свињи.

Извор: kurir.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …