Почетна / Вести Македонија / Формиран Национален совет за безбедност на храна

Формиран Национален совет за безбедност на храна

Владата формира Национален совет за безбедност на храна и храна на животни чија цел ќе биде да дава научни совети и техничка поддршка во однос на политиката и областите што имаат директно и индиректно влијание во оваа област.

Одлуката е веќе излезена во „Службен весник“, а со Советот ќе претседава директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во Националниот совет е предвидено да членуваат шестнаесет институции. Покрај Агенцијата за храна, вклучени се МАНУ, Медицинскиот, Фармацевтскиот, Ветеринарниот и Земјоделскиот факултет, неколку институти, претставници од министерствата за здравство и за земјоделство и од стопанските комори. Советот работи како постојано тело и се состанува по повик на претседателот најмалку четирипати во текот на годината, а по потреба и почесто. На седниците на Националниот совет може да се поканат и здруженија на граѓани, синдикати, владини претставници и други стручни лица, кои ќе даваат мислења по прашања поставени на дневниот ред. Строго се забранува членовите на советот да изнесуваат информации во јавност од состаноците, а изјави за јаноста може да дава само претседателот.

Националниот совет за храна треба да одговара на сите прашања што се однесуваат на безбедноста на храната, биолошките опасности, петицидите, материјалите што доаѓаат во контакт со храната и слично.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …