Почетна / Вести Свет / Хрватска нема да има доволно пченица за сопствени потреби

Хрватска нема да има доволно пченица за сопствени потреби

Хрватска прв пат по долго време нема да има доволно пченица за свои потреби, поради неповолните временски услови и појава на болест, изјави Антун Ласло, претседател на Здружението на семејни земјоделски стопанства „Живот“. 

Жетвата во источниот дел на Хрватска е при крај, кажа тој и посочи дека по благата зима, уште во март се појавила болест непознатата за овие простори т.н. ‘рѓа на пченицата, поради што приносите на многу површини биле преполовени. 

Во Хрватска пченицата била засеана на околу 160.000 ха, а се очекувале приноси од по 4 тони од хектар, односно 660.000 тони, но по појавата на болеста на некои големи површини приносот е преполовен. Потребите на хрватскиот пазар инаку се околу 500 до 550.000 тони пченица, што значи дека земјата нема да има доволно лебно жито за своите потреби.

Тој се заложил Владата да ја откупи домашната пченица и на зедмјоделците да им ја плати реалната производствена цена, додавајќи дека цената што ја нудат одделни трговци од 0,13 евра за килограм е уценувачка и неприфатлива за производителите, како и дека не му е јасно како може цената да биде толку ниска ако се знае дека нема да има доволно пченица.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …