Почетна / Вести Свет / Околу 70 отсто од маслиновите масла во Албанија се фалсификувани

Околу 70 отсто од маслиновите масла во Албанија се фалсификувани

Околу 70 отсто од маслиновото масло што се продава на албанските пазари се фалсификувани и претставуваат опасност за здравјето на потрошувачите.

На ова предупредија неколку компании за производство и увоз на маслиново масло на средбата со директорот на Националната агенција за храна на Албанија. Тие бараат зајакнување на контролата и за домашните производи и за тие од увоз. 

– Станува збор за еден див пазар, кој не е организиран според потребните стандарди. Според нашите процени, 60 до 70 отсто од маслиновото масло на албанските пазари е фалисификат – смета Валентина Постоли од Сојузот на производители на маслиново масло. 

Директорот на националната агенција за храна, Африм Бакај, најави ригорозни мерки со кривични пријави.

– Одлучни сме да не толерираме никого, ќе поднесуваме кривични пријави за тие што не го почитуваат законот, кои шверцуваат или произведуваат продукти што се закана за безбедноста во исхраната – најави Бакај. 

Ова предупредување секако важи и за македонските граѓани, кои често патуваат во Албанија, при што често купуваат маслиново масло. Го има во сите трговски дуќани, но и на тезги по пазарите, на улица, па дури и по патиштата. Еден литар чисто маслиново масло чини 400 денари, а ако има цена од 220-240 денари, јасно е дека е фалсификат.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …