Почетна / Вести Свет / Фискални каси на тезгите на хрватските зелени пазари

Фискални каси на тезгите на хрватските зелени пазари

Македонските пазарџии барем засега се спасија од фискализацијата, но хрватските за три дена, од 1 август, на тезгите ќе мора да постават фискални каси.

Хрватските медиуми го пренесуваат незадоволството на пазарџиите, но и одлучноста на Владата да го спроведе овој план.
Ти јавуваат дека уште три дена пазарните инспектори нема да вршат контроли, но од први август, продавачите на зелените пазари ќе мора да играат според правилата на Министерството за финансии. Незадоволството кај пазарџиите кулминирало пред неколку недели, но тогаш министерот за финанисии Славко Линиќ не попуштил и изјавил дека има секакви барања, но тие се во спротивност со Законот за фискализација. Пазарџиите, пак стравуваат дека кога ќе стават фискални апарати, прометот ќе им се намали за 10 до 20 отсто и ќе се затворат многу работни места. Тие се надеваат дека министерот до есен ќе се премисли, или дека ќе воведе плаќање на паушал по квадратен метар или некој друг модел.

И во Македонија пред неколку години беше најавена фискализација на зелените пазари, но продавачите оваа идеја ја дочекаа на нож. Тие успеаја да издејствуваат обврската за фискализација да се одложи до моментот кога државата ќе влезе во Европската унија.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …