Почетна / Вести Македонија / Овчарите во Србија заработуваат до 800 евра

Овчарите во Србија заработуваат до 800 евра

Од околу 780.000 официјално невработени во Србија, речиси е невозможно да најдеш некој кој сака да заработува чувајќи овци и крави, наведува РТС. Овчарите заработуваат од 200 до 700 евра месечно, а покрај платата имаат и стан и храна.

Овчарите месечно заработуваат неколку стотина евра, но мал е бројот на оние кои сакаат да се занимаваат со тоа, информира Радио-телевизија Србија. На пасиштата на југ, во место каде просечната плата е 20.000 динари, малкумина се фаќаат за овчарскиот стап. Милуваат да речат “од работа само се грбави”.

“Никој не сака да работи како овчар. Тука велат дека нема работа, а овде не сака никој да работи”, раскажала Оливер Цветановиќ од селото Црвена Јабука. Таа кажала дека кого и да го праша дали сака да чува овци, ќе и речеле дека тие се нејзини и да си ги чува. Таа нагласила дека полесно им било да седат на улица и да пијат пиво, отколку да работат.

Од околу 780.000 официјално невработени во Србија, речиси е невозможно да најдеш некој кој сака да заработува чувајќи овци и крави, наведува РТС. Овчарите заработуваат од 200 до 700 евра месечно, а покрај платата имаат и стан и храна.
Овчарот Рајко Дудиќ заработува 200 евра месечно, а обезбедени му се храна и кров над главата.
– Треба да знаеш да ја нахраниш, напоиш, да се грижиш за овците. Треба се да познаваш, секоја овца, секое јагне чие е – раскажал Овчарот Рајко.

Има и такви кои од овчарската работа месечно заработуваат две просечни плати. Така Ѓорѓе Јовановиќ за чување крави добива и до 80.000 динари. Тој задоволно одговорил дека платата му е добра, и оти заработува по 600 динари од крава, но исто така кажал и дека му било досадно бидејќи цел ден мора да седи и да внимава на нив. Потенцирал дека му е тешко да се издржи цел ден на сонце, дожд, ветер… Ама кога се нема избор, мора и тоа да се работи.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …